Во организација на Здружението на просветни работници Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината, денеска во Занаетчиски дом, беа прогласени првенци на генерацијата за учебната 2025/26 година.Честитки за нашите Каја Поповска и Елона Ислами ❤️

На свечената прослава со пригодна реч присутните ги поздравија градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателката на ЗПР Куманово, Анита Димовска

Признанија, монети со позлата и ваучери од име на Општина Куманово, им беа врачени сите ученици

Манифестацијата со музички настап ја збогатија учениците и наставниците од УОМО “Панче Пешев” – Куманово и членовите од Балетското студио УЛТРА

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *