Љубителите на музичката уметност имаа можност да присуствуваат на музичка вечер, во Занаетчиски дом, посветена на празникот 11 Ноември, во организација на УОМО “Панче Пешев”– Куманово, со поддршка на Општината и Фондацијата за култура и спорт Куманово.

Настапија ученици и наставници од музичкото училиште, заедно со специјалните гости, Маргица Антевска и Нино Величковски, кои интерпретираа познати македонски народни песни.

Празничната манифестација ја увеличаа 13 етно песни на македонски, албански и српски јазик, во изведба на вокални солисти, хорот и оркестарот на училиштето.

Дел од публиката беа претседателката Ивана Ѓорѓиевска и членови на Советот на Општината и претставници од општинската администрација.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *