Со особена радост ја истакнуваме соработката со Здружението “Бадникови Поворки“ – Скопје, со кои потпишавме меморандум за соработка и Друштвото на писатели Куманово, реализирана во рамките на одбележувањето на големите христијански празници Бадник и Божиќ
Учениците кои беа предводени од професорот Јован Цветковиќ и професорката Бојана Апостоловска од ООУ “Вук Караџиќ“ и ОУ “Вера Которка“ со својата искрена радост и чисти детски гласови беа дел од свеченото одбележување на празникот, обединувајќи нè во мир, здравје и меѓусебна почит, сплотени во заедништвото, носејќи ја радоста, надежта и добрината како трајна вредност во нашите животи
Нивното учество претставува важен чекор во поврзувањето на образовниот процес со традицијата и културното наследство
