Учениците и наставниците од основното музичко училиште, пред публиката се претставија со новогодишен репертоар, денеска во Занаетчиски дом, во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово.
Програмата беше составена од 14 музички точки, од класични и светски популарни песни, во изведба на соло интерпретатори, хорот и оркестарот на училиштето.
Празничната манифестација со пригодни зборови ја отвори претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, упатувајќи најискрени желби и новогодишни честитки до сите граѓани, во присуство на членови на Советот на Општината и претставници од општинската администрација.
