Во Општина Куманово, денеска се одржа работна средба во врска со реализација на проектот “ЕУ за чист воздух”, на иницијатива на секретарот на Општината, Емилија Сларидис Јаневска, координатор на проектните активности од Општина Куманово, Донка Петровска и директорот на ЈП Куманово гас, Марко Митровски.

На координативниот состанок присуствуваа претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и претставници од локалните институции, чии објекти се опфатени во проектот. Според досегашните информации, градежните активности се започнати, се одвиваат континуирано и ќе завршат до крајот на оваа година.

Се гасифицираат седум објекти во централното градско подрачје: ООУ “Толи Зордумис”, OOУ “Браќа Миладиновци”/ ООУ “Крсте Мисирков”, УОМО “Панче Пешев”, кумановските институции: ЈУМ Центар за социјални работи, Центар за вработување, СВР и Основен суд.

Преку проектот, досега се гасифицирани ОСТУ “Наце Буѓони” и ЈУО Ученички дом “Професор Мијалковиќ”.

Придобивки од овој проект ќе имаат сите институции, кои се вклучени во процесот на гасификација.

Со замена на системите за затоплување од лесно масло на природен гас, емисијата на одредени загадувачки супстанции во воздухот значително ќе биде намалена, а исто така, институциите ќе имаат и заштеда на финансиски средства.

Проектот “ЕУ за чист воздух” е финансиран од Европската Унија, преку инструментот за претпристапна помош.

Потписник на програмата е канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS).

Во рамка на овие активности, Општина Куманово соработува и има значајна поддршка од ЈП Куманово гас и ЈП Чистота и зеленило.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *