Во празнична атмосфера пред публиката во Занаетчиски дом, денеска со дуо пијано настапија музичките уметници Милена Митковска и Марко Антевски, во ритамот на класичната музика од познати светски автори, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово.
Новогодишната манифестација ја збогатија Ивана Андоновска, со соло пеење, Маргица Антевска и Јован Строимановски, со изведба на пијано и балерините од училиштето за сценски уметности, танци и театарска продукција Skill Factory – Куманово.
На настанот присуствуваа претседателката Ивана Ѓорѓиевска со членови на Советот на Општината и претставници од општинската администрација.





