Денеска по повод 5 Јуни, Светски ден за заштита на животната средина се одржа настан во рамките на проектот „Справување со загадување на воздухот„. Овој проект се имплементира од страна на УНДП, финансиран од Кралството Шведска и Општина Куманово.
По тој повод учениците од општинските училишта „Крсте Мисирков„, „Браќа Миладиновци„ и „Панче Пешев„ избираа идејни решенија за енергетско – ефикасни фасади. Преку проектот училиштата ќе добијат нови фасади, а Музичкото училиште нова фасада, кров и прозорци.
Претходно се одржаа и едукативни активности за учениците, со цел подигање на свеста за зачувување на чиста животна средина, во рамки на кампањата „Куманово мој зелен дом„.




