Музика.
Песни и игра.
Гласни и распеани, весели и разиграни, денеска корисниците со интелектуална попреченост од Порака Наша уживаа во убавата атмосфера и предновогодишна забава во дневниот центар-организирана од нашите пријатели од УОМО ,,Панче Пешев” – Музичко училиште.
На нивна иницијатива, исто како и минатата година, професорите од Музичко училиште повторно ги посетија корисниците од дневниот центар Порака Наша и со свои инструменти, песни по желба и музика во живо, им приредија уште една незаборавна предновогодишна забава.
Ние, уште еднаш гласно им благодариме од срце, и до следното видување и дружење, посакуваме среќни новогодишни празници.



