Игор Величковски
Игор Величковски е роден 1988 година во Куманово. Музичкиот пат го започнува на 9 годишна возраст во музичкото училиште
,,Панче Пешев’’ – Куманово, каде што активно го изчува инструментот кларинет. По завршувањето на основното музичко училиште, својот фокус го насочува кон инструментот алт саксофон, кој покрај кларинтот и пијаното му станува примарен инструмент. Музичкото образование го продолжува во класата на професор Гоце Мицанов каде што ја развива љубовта кон џез музиката, се запознава и започнува со изучување на техниките на свирење на тенор, сопран и баритон саксофон. Дипломира на музичката академија ,,Гоце Делчев’’ – Штип во 2011 година. Моментало работи како професор по саксофон во музичкото училиште ,,Панче Пешев’’ – Куманово.
Фунда Али
Фунда Али е родена во 1996 година во Куманово, каде и завршува основно музичко образование во “Панче Пешев” – Куманово. Средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј” во Скопје во 2014 година, отсек изведувач виолинист. Дипломира на факултетот за Музичка уметност во Тетово во 2020 година, насока Виолинист изведувач.
Денес работи како професор по предметот виолина во основното музичко училиште “Панче Пешев” во Куманово. Со своите ученици има постигнато многу педагошки и интерпретативни резултати.
Мирјана Атанасовска Кузмановска
Мирјана Атанасовска Кузмановска родена 1982 год. во Куманово. Основно музичко училиште завршува во УОМО “Панче Пешев” во Куманово. Средно музичко училиште завршува 2001 год. во ДМУБЦ “Илија Николовски-Луј” во Скопје, одсек музичка теорија и педагогија. Дипломира на Факултет за Музичка уметност во Скопје 2007 год. отсек музичка теорија и педагогија. Денес работи како профсор по Солфеж и теорија на музика во УОМО “Панче Пешев” во Куманово.
Магдица Манасиевска
Своето музичко образование започнува да го изучува на 7-год во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј каде иго продолжува своето средно образование во класата на Проф.Маја Кастратович.
Своето музичко образование таа го продолжува на факултетот за музичка уметност ФМУ-Скопје на одсекот Инструментал пијано во класата на Проф.Зоран Пехчевски каде и магистрира 2011 год. За време на магистарските студии учествува на повеќе настапи и како пијано придружба на Магистарски испит,Државни и Меѓународни натпревари.
Од 2006 год е вработена и во редовен работен однос во УОМО Панче Пешев-Куманово како професор по пијано воедно и како пијано соработник,успешно работејки со своите ученици воведувајки ги во тајните на својот инструмент. Со нив учествува на многу Државни како и на Меѓународни натпревари во Р.Македонија,Р.Србија со веке освоени над 20 награди( повеќето први,втори и трети награди инеколку пофалници) како и признанија за успешен педагог(професор) и пијано соработник.
Ариана Јашари
Ариана Јашари родена во Куманово, каде што го завршува основното образование. Средното музичко училиште го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Љуј“ во Скопје во 2014 година, насока музичка теорија и педагогија. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2018 година,насока музичка теорија и педагогија. Од 2019 година работи како професор по предметот солфеж со елементарна теорија на музиката во основното музичко училиште "Панче Пешев – Куманово.
Ивана Андоновска
м-р Ивана Андоновска, родена 1982 година, од Куманово.
Завршила средно музичко училиште, отсек соло пеење, во 2001 година во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје. Дипломира на Факултет за Музичка Уметност во Скопје, во 2005 година, на одделот соло пеење.
Магистрира со пофалба cum laude во 2010 година на ФМУ – Скопје и се стекнува со научен степен Магистер на соло пеење. По магистрирање континуирано се едуцира посетувајќи семинари,обуки и стручни советувања.
Како солист – мецосопран има изведено повеќе солистички концерти. Има настапувано во Македонска Опера и Балет – Скопје, а исто така и на голем број културни манифестации.
Од 2007 година работи како Професор по соло пеење во УОМО „Панче Пешев“ – Куманово, а во период 2012-2016 година ја обавува функцијата Директор на училиштето.
Со своите ученици има освоено голем број награди на Државни и Меѓународни натпревари и фестивали. Од нејзината класа повеќемина ученици сега се успешни млади вокални солисти ширум светот.
Милена Гиевска
Милена Гиевска Андоновска, родена 1986 година во Куманово, завршила нижо музичко училиште во родниот град, додека останатото музичко школување го продолжила во Скопје. Средно музичко училиште завршила во класата на професор Аспарух Аџи- Христов, додека до-дипломски и пост-дипломски студии по виолина во класата на професор Љубиша Кировски.
Учествувала на семинари одржани од професор Благоја Димчевски-виолина, Петер Шепард Скаервд-виолина. Во нејзината музичка биографија спаѓаат шест солистички концерти, бројни настапи со камерни и симфониски оркестри во рамки на манифестации како што се Скопско и Охридско лето, Денови на Македонска музика и тн. Активно настапува на турнејата на мјузиклот Коштана, исто така со составот на Пламенка Трајковска. Повеќе од деката е дел од наставниот процес по музичко образование а во моментот e активен наставник по виолина во нижото музичко училиште Панче Пешев во Куманово.
Марко Митковски
Марко Митковски е роден 22.06.1983 г. вo Куманово. Нижото музичко училиште го започнува во нижото музичко училиште “Панче Пешев” во Куманово на инструмент пијано кај проф. Драган Грговски, а го завршува во Илина Николовски Луј во Скопје кај проф. Кармен Костова, каде што продолжува и средно музичко образование на отсек пијано. Во тоа време посетува семинари кај проф. Људмила и Борис Романови. Последните две години од средното образование ги завршува кај проф. Снежана Анастасова – Чадиковска, учествува на многубројни концерти и освојува неколку меѓународни и државни награди. Факултет и магистерски студии завршува кај проф. Борис Романов во Скопје. Моментално работи како проф. во УОМО “Панче Пешев” во Куманово.
Милош Краљевски
Краљевски Милош роден во 1988 Куманово, Македонија.
Дипломира ударни инструменти на факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Мојца Седеу.
Волонтирал со лица со попреченост во дневниот центар во Куманово, како наставник по музичко воспитување.
Саша Спасовски
Саша Спасовски е роден на 24.05.1974 во Штутгард – Германија. Основно музичко училиште завршува во УОМО “Панче Пешев” Куманово. Средно образование завршува во МБУЦ “Илија Николковски Луј” во Скопје на инструмент Хорна, а дипломира на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје. Класична Гитара дипломира на Музичка Академија при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип како втор факултет.
Работи во низа основни и средни училишта како наставник по музичко образование, а како професор по Хорна во МБУЦ “И.Н.Луј”. Една година работи како професор по класична гитара во музичко училиште “Јохман” во Кејп Таун – Јужноафричка Република. Денес работи како професор по Класична Гитара во УОМО” Панче Пешев” Куманово.
Светлана Јовановиќ
Родена 1966 година во Куманово . Оновно музичко образование учи од 1975 – 1980 година во УОМО „Панче Пешев” Куманово.
Средно образование завршува на Државeн Музичкo Балетски Училишен Центар „Илија Николовски-Луј” во Скопје 1984 година. Дипломира на Факултетот за Музичка уметност-Скопје во 1988 година – насока Музичка теорија и педагогија. Веднаш по дипломирањето се вработува во УОМО „Панче Пешев” Куманово, како наставник по Солфеж со теорија на музика и Пијано каде работи веќе 35 години. Во два наврати, и тоа во учебната 2005 /2006 и 2021 – 2022 времено е назначена за Вршител на должност Директор на УОМО „Панче Пешев“ Куманово.