МИСИЈА НА ОСНОВНОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ
Основното музичко образование се организира за создавање на услови за ширење на музичката култура и за подготвување на учениците за натамошно образовние во оваа област од уметноста. Оваа дејност се остварува во училиштето за основно музичко образование, или во паралелки во училиштата за средно образование. За ширење на музичкото образование во Републиката може да се организираат и издвоени паралелки во редовните основни училишта. Учениците во училиштето за основно музичко образование паралелно се здобиваат со основното образование и основното музичко образование. Во образовниот и воспитниот процес преовладува индивидуалната, групната и одделенската настава. Нашето училиште обезбедува атмосфера во која ќе се поттикнува, развива и негува креативноста на учениците преку взаемна соработка на сите субјекти од училиштето и локалната средина со што ќе се овозможи истакнување на индивидуалните способности како активно справување со предизвиците на современото живеење.
ВИЗИЈА НА УЧИЛИШТЕТО
Визијата на нашето музичко училиште е, во доглеедна иднина да се зголеми бројот на паралелките, бројот на наставен кадар, да се прошири училишниот простор, а училиштето од основно музичко училиште да прерасне во средно музичко училиште, каде што за изучување ке бидат застапени повеќе оддели (инструменти)